Македонската фудбалска репрезентација, летово, со првото учество на Европско првенство ќе го оствари сонот на многу фудбалски генерации. Остварувањето на сонот беше мотив за група ентузијасти, која преку ноќ формираше бенд (Вис Рисови), кој пак, креираше официјална навивачка химна „Одиме на Европско“. Химната, вчера, беше официјално промовирана и наиде на позитивни впечатоци од македонската јавност.

Видео записот за „Одиме на Европско“ беше сниман на повеќе градови и места во Македонија, а дел од нив беше и Охрид. Во Охрид се снимаше во стариот дел од градот, чаршијата и бродот „Армада“.

Напред Македонија!

 

Фото галерија: Во Охрид се снимаше дел од спотот за навивачката химна „Одиме на Европско“, наскоро комплетна промоција