Видео спотот за најновата песна на поп пејачката Елена Ристеска – “Опасно време“, беше промовиран вчера во кафулето „Драма“ во Скопје.

Спотот го режираше охриѓанецот Даниел Јовески, а покрај Елена во видеото уште се појавуваат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви. Спотот е сниман на дваесеттина локациии во Охрид и Скопје.