(Видео) Принцезата Дајана била убиена во возилото за брза помош?
12.10.12 00:03
„Дајана е убиена во возилото за брза помош“, пишува на насловната страница на американскиот таблоид „Глоуб“, кој во својот нов број тврди дека поседува нови докази за смртта на британската принцеза, пренесува порталот „+info“.
Иако поминаа 15 години од смртта на Леди Ди, сè уште има гласини за заговор против поранешната сопруга на принцот Чарлс, во кој обично се вклучени и британското кралско семејство и тајните служби.
„Глоуб“ ја негира официјалната верзија, според која ни Дајана, ни нејзиниот партнер Доди Ал Фаед не биле врзани со сигурносни појаси во моментот на сообраќајната несреќа. Таблоидот пишува дека Дајана го преживеала судирот во парискиот тунел, но дека подоцна била убиена во амбулантното возило.
„Глоуб“ натаму тврди дека има докази што ја потврдуваат тезата за убиството и кои еднаш засекогаш ќе ја решат мистеријата за смртта на Дајана. Принцезата Дајана го загуби животот во сообраќајна несреќа во тунелот Алма, во Париз, на 31 август 1997 година. Според официјалната верзија, до несреќата дошло кога автомобилот, во кој таа била со својот партнер Ал Фаед, удрил во ѕидот на тунелот во центарот на Париз. Кога загина, таа имаше 36 години.
По повод смртта на новинарот Илче Стојаноски, ЗНМ и медиумската заедница од Охрид утре, среда (23 април) организираат комеморација која ќе се одржи во 10 часот во Големата сала на Општина Охрид Сто...
Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа успешно спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри з...
Доктори специјализанти од Охридско-струшкиот регион ќе бидат вработени во Општата болница Охрид со цел надминување на проблемот со недостиг на лекари Како што информираше директорот на Општата болн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.