Вториот слободен термин во календарот на ФИФА многу репрезентации го искористија како проверка за претстојното Европско првенство во Швајцарија и Австрија.
Првиот фаворит во нашата групата Холандија му гостуваше на ко-домаќините на ЕП 2008, Австрија.
По половина час игра Австрија имаше убедливо водство од 3-0. Сепак лалињата не крајот се радуваа благодарение на невозможното враќање во мечот со погодоците на Хунтеларна два пати, Хеитинга и Венегор од Хеселинк.
Дејвид Бекам влезе во историјта на Англискиот фудбал играјќи го 100 натпревар во дресот на Гордиот Албион. Прославата на Бекс, ја расипа Рибери кој со голот од пенал им донесе минимален тримф 1-0 на триколорите.
Актуелниот светски шампион Италија го претрпе само третиот пораз откако на “азурната“ клупа е Роберто Донадони. По успешни од светските прваци беа Шпанците кои триумфираа благодарение на спектакуларниот удар на Давид Виља.
Бразилската мега звезда Александре Пато уште еднаш блесна. На пријателскиот натпревар помеѓу Бразил – Шведска ,одигран на Емирати стадионот во Лондон, кој беше реприза на финалето од светскиот куп , Пато на своето деби во синиот дрес ја затресе противничката мрежа, гол кој беше доволен за победа.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com