Магистралниот пат Охрид – Скопје во близина на селото Врбјани –oхридско, од попладнево е блокиран од товарно возило со албански регистарски таблички кое по судiр со автомобил „југо“ со скопски регистарски таблички се превртело и ги попречило двете коловозни ленти.


Во судирот нема загинати, а учесниците се здобиле само со полесни повреди. Камионот,  како што не информираа од МВР бил товарен со градежни матерјали поради што тешко оди расчистувањето на магистралата. Од полицијата не информираа дека интензивно се работи на отстанување на камионот од коловозот, но не можеа со прецизност да ни кажат кога ќе се случи тоа. Во меѓувреме лесните возила се пропуштаат наизменично во двата правци, додека товарните возила имаат забрана за движење. Екипата на Ohridnews беше сведок на километарските колони во Дебрца.

Увид на местото на незгодата изврши
сообраќајната полиција и истражен судија кои треба да ги соопштат
причините за сообраќајката што го закрчи магистралниот пат Охрид
Скопје.


Ohridnews