Охридските фудбалери во втората рунда ја запишаа првата победа во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ на домашен терен со 2-1 ја совладаа екипата на Велешта. До триумфот и трите бодови, охриѓани стигнаа потешко од очекувањата бидејќи гостинот покрај почетното водство имаше и една одлична прилика за втор погодок. Избраниците на Драган Бочески со два голови во завршните 20-тина минута го свртеа резултатот и ја обезбедија победата која ги одвеве во горниот дел од табелата.
OhridNews