Македонската полиција, во рамки на операцијата „Медуза“, разби меѓународен канал за криумчарење на дрога, при што беа запленети 135 килограми висококвалитетна марихуана, јавува „Макфакс“.

Дрогата била запленета 40 минути по полноќ на автопатот Велес-Неготино, при извршена контрола на возило.


Според полицијата, пратката потекнувала од Албанија и преку Македонија требало да биде доставена до швајцарскиот пазар, каде што вредноста на марихуаната би достигнала околу половина милион евра.

Уапсени се Мухамер Максути, Џеват Адеми и Себаедин Ристеми, за кој се смета дека е нарачател на дрогата.

OhridNews
извор: „Макфакс“/МВР