Само еден случај на врсничко насилство во основно училиште досега е пријавен во СВР Охрид, со физички напад од ученик врз соученик, при што нанесени се тешки телесни повреди. Во овој период остварен е и контакт со родител на друго малолетно лице поради констатирани несоодветни однесувања со укажување на родителот за поголема грижа со цел елиминирање на начините на врсничко насилство.

Но, пријави има и кај службите и наставниот кадар во училиштата иако потенцираат сеуште ретко се осудуваат и жртвите и сведоците да пријават. Препознавањето, пријавувањето и превенирањето сепак се клучни во справувањето со врсничкото насилство.

Во оваа насока продолжуваат едукативните кампањи на СВР Охрид за врсничко и сајбер насилство, но и вклученоста на училиштата во справување со овој проблем.

Н.С.Ј.

видео. Б. Стојаноски