Стендап комичарот Никола Силјаноски – Братучед, по успешните настапи изминатата година, вечерва премиерно ќе го промовира неговото шоу “Биполарен Братучед” на You Tube.
Епа вака…
Ова се чекаше точно 7 години, шо значит то?! Почнавме со Stand Up работилница, значит од нула ама баш од 0… Неколку настани по 5 мин, паааа едно 150 да да! после по 10 мин итн. Си мислиш, ооофф ова ќе искинит вечер, шегата е топ, викаш добро вечер, почвиш, во публика тишина и почвет штурци еден по еден, романтика. Викаш ова не е за мене! Другиот ден, нова страна, не не сега ќе е појако, па имаш прва реакција од публиката, смеење и аплауз, другото штурци, овајпат побројни, пак 84 прашања, чекај, не, ваљда, аха аха, добро. Таман си склопил шега од 5 мин, си викаш убо е, ојш во друг град, таму штурциве спремни!
Па имаш поддршка од екипата околу тебе, Зоран Донев, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, и прашвиш, абе ова океј е? а ова?? а ова??? И тука е Никола Тодороски со: пиши нов материјал, пробви, полирај пиши и не застанви со пишење ајде човеку не се откажви, ќе дојт!!! Е во то ќе дојт не се откажви е тајната. Сега имаш 10 мин материјал, се бориш за 15. Во меѓувреме пробвиш да украдиш 5 мин на сцена од некој шо потрошил 15 години да е таму, ти викаш еден деееен и јас сакам да сум овде, ама рано е сега, само не се откажви.
Настан по настан, шега по шега, се склопвит материјалот, растит – проодвит. Е ама сега сакаш да се испрајш пред луѓе шо нит знает кој си ти нит сакет да знает. Ама се бориш за тие 5 луѓе во прв ред шо дента немале шо да изгубет и си рекле, па ај. Така се организираше турнеја низ Мк, звониш на 100 телефони, пола од нив мислет им нудиш правосмукалки, од старт викет не користам Цептер, постиме, во тунел сум туууууууут.Е да, ама имаше и газди од локали шо рекоја да да, имет сомнеж дека ќе ојт вченки вечерта – ко да дошол нотар не комичар.. ама океј ајде бе дај да пробаме. Тајната е шо пробавме, е публиката е таја шо ќе кажит дали беше, не беше или ај да беше итн. Синџир, 12 настани турнеја, секој со посебна магија, разни луѓе, атмосфера, теретана, помина, сега се спремаме за последната вечер, финалето. Тука е Филип Ангеличин Жура шо работиве ги решават ко тетрис, бам бам, зборот сабја, ф’тка О, Тодороски посматрат, како додават идеи, нештово станвит сериозно, малце паника, ама не си сам, а то е многу битно. На крај гледаш еден лустер на сцена и онаја бемкана ко баркод шо му стојт и си викаш… оставам да го изгледаш цело шоу и шо и да речиш…така е!!!
УживајтеВаш Братучед