Со настапот на една од најдобрите светски виолинистки, Сара Чанг и камерниот оркестар на Словенечката филхармионија, во катедралната црква Св. Софија синоќа беше спуштена завесата на 48-то Охридско лето. Чанг изведе дела од Вивалди и Сарасате воодушевувајќи ја публиката во преполната охридска катедрала.

Концертите и театарските претстави на
48-то Охридско лето ги проследија над 30.000
гледачи. Менаџерскиот тим на фестивалот, изрази задоволство од
реализираната програма на овогодинешното Охридско лето најавувајќи дека веќе од утре започнуваат подготовките за наредното 49-то издание на фестивалот со императив тоа да биде подобро од овогодинешното, кое беше на исклучително високо ниво.


ohridnews