Легендата вели дека духовната престолнина на православието, Охрид, има 365 храмови, по еден за секој ден од годината. Градот – светилиште, има надалеку познати цркви и манастири. Ова вредно духовно и историско наследство е вистински магнет и за посетителите. Поради пандемијата од Ковид 19, нив сега ги нема, но охридските храмови се тука каде што биле изградени пред многу векови. Се надеваме дека наскоро тие повторно ќе ги отворат портите за намерниците од целиот свет, кои со себе ќе ја понесат приказната за најубавите охридски цркви и манастири. А колку навистина  тие се убави не потсетува одличното видео на „Love & Life studio“ реализирано неодамна. Снимено од еден поинаков агол во него се прикажани црквите Св. Јован Канео, Св. Климент и Св. Пантелејмон, Св. Богородица Перивлепта, Св. Софија и манастирот Св. Наум, кои се меѓу најпосетуваните од туристите.

Прекрасните охридски духовни храмови од еден поинаков агол

OhridNews