Празниците се резервирани за убави работи. А се е поубаво со добра музика. Охридскиот бенд „Le Trick“ празнично ни подари прекрасна преработка на извонредната „Supergirl“ на култните „Reamon“.

Каверот е снимен во студиото на Димче Китрозоски, а видеото новогодишно го спакува „OhridNews“.

„Le Trick“ го сочинуваат: Жармена Китрозоска, Димче Китрозоски, Димче Бушиноски и Крсте Симиџиоски. Бендот е неодминлив дел од охридската музичка сцена, а „Le Trick“ ќе настапат и на дочекот на Нова година на градски плоштад.

Каверот на „Supergirl“ е загревање за авторскиот материјал на бендот, кој според најавите треба да излезе во Новата година.

OhridNews