Охриѓанка Невена Нешкоска, која во моментов живее и работи во Чикаго, САД, на Денот на виното и љубовта, ја промовира нејзината нова песна “In Love”, која ја продуцираше познатиот Михаи Ристеа, продуцент на “All My People”. 

-Песната е посветена на љубовта. Ја аранжирав дома на клавир и почнав да контактирам со продуценти којшто би можеле да направат оркестрација. На работата се нафати Михаи Ристеа од Романија, па фатив авион со парите од школарина до Скопје, а оттаму со автобус заминав за Букурешт.-го раскажува создавањето на песната Невена.

Невена е родена во Охрид, но од својата 8-ма година живее во САД. Од малечка свири клавир и гитара. Подолг период се занимава со пишување и компонирање, а нејзиниот youtube канал каде ја објавува својата музика е мошне популарен.

Г.М.