Дилемата кој ќе биде претседавач на Советот на општина Охрид конечно е симната од дневен ред. По два месеци преговори и договарања меѓу партиите, советниците денеска го избраа Душко Јаковчески за претседател на Советот. Јаковчески непосредно по изборот го имаше своето прво обраќање, при што вети дека одговорно ќе ја извршува функцијата во инбтерес на граѓаните на Охрид.



Кој е Душко Јаковчески?

Душко Јаковчески роден e на 1.1. 1967 година во Охрид. По професија е дипломиран правник, вработен како секретар во Општинското угостителско туристичко средно училиште „Внчо Питошески“. Во својата политичка кариера тој веќе еднаш бил советник, во првиот состав на градскиот Совет од 1996 до 2000 година. Од 2003 до 2006 година бил и член на Управниот одбор на Заводот за здравствена заштита во Охрид. Член е на СДСМ.

Ohridnews