Гаф, непромислен потег, навреда, или шега? Многу прашина крена несоодветниот разговор што пратеникот од Охрид Љубен Арнаудов го имаше денеска со новинарите во Скoпје кои од него побараа став околу законот за aмнестија. На поставеното прашање тој најпрвин одговори дека бара 50 евра за одговор, а откако подоцна новинарите ги собраа и му ги понудија бараните пари, тој се предомисли и рече дека само се шегувал, пренесува телевизија Телма.

OhridNews
Извор: Тв Телма