Екипите на Хера Турс Сливница, Златара Бени и Ерол, Авенуе и АСП Пак се учесниците во полуфиналето на првото издание од Празничниот турнир во мал фудбал „Охрид 2020“.
Хера Турс Сливница во пенал рулетот го совлада тимот на Хотел Престол со 4-2, Златара Бени и Ерол со 2-1 славеше против Фаланга, Авенуе го елиминираше составот на Инекс Олгица Хотел и спа после изведување на пенали 4-2, а полуфиналната четворка ја заокружи АСП Пак кој подобар беше од Дента Лаб со 7-2.
Во полуфиналето силите ќе ги одмерат Хера турс Сливница – АСП Пак односно Златара Бени и Ерол – Авенуе.
Резултати:
Хера турс Сливница – Хотел Престол 2-2 (4-2 пенали)
Златара Бени и Ерол – Фаланга 2-1
Инекс Олгица Хотел и спа – Авенуе 4-4 (2-4 пенали)
АСП Пак – Дентал Лаб 7-2
OhridNews