Поројниот дожд што синоќа наврна во Охрид, предизвика проблеми во повеќе делови од градот. Големата количина вода што падна за кус период поплави влезови од згради, подрумски простории и гаражи и го отежна движењето во стариот дел на градот каде реки вода течеа низ улиците.

Дождот им предизвика главоболки и на станарите од зградата на „Богомилска“ бб, чиј влез беше поплавен, па мораше да интервенира и Противпожарната служба од Охрид.

Изразуваме голема благодарност до противпожарната единица Охрид за брзата интервенција при поплавени простории во станбениот објект. – стои во дописот испшратен до нашата редакција.

Пожарникари им помогаа на жители од поплавена зграда на „Богомилска“

Г.М.