Во навивачките немири, што почнаа пред, за време и по финалниот натпревар на Грчкиот куп, меѓу Панатенаикос и солунскиот Арис во Атина, повредени се најмалку 18 полицајци, а уапсени се и 40 хулигани.


Најголемите нереди се случија пред Олимпискиот стадион, а полицијата едвај успеа да ги раздвои спротивставените навивачи. За време на натпреварот навивачите на Панатенаикос фрлиле над 650 димни бомби и петарди на теренот полицијата употреби и солзавец.


Трофејот го освои екипата на Панатенаикос кој со 1-О го победи Арис со голот на Себастијан Лето.

OhridNews
извор:„Макфакс“