На еко хепенингот што попладнево се одржа на градскиот плоштад, симболично беше означен почетокот на проектот кој треба да придонесе за намалување на загадувањето на животната средина во Охрид, но и да ги намали трошоците за одлагање на отпадот. Охрид стана петтата општина во Македонија каде ќе се имплементира проектот за рециклирање на пластичниот отпад, кој финaснсики го подржува УСАИД со 30.000$. Покрај во Охрид проектот се имплементира уште и во Гостивар, Струмица, Кочани и Карпош, а наскоро ќе започне негова имплементација во уште 20 други општини во земјата.
започнува проектот за рециклирање на пластичниот отпад во Охрид
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ