Охридските кошаркари на драматичен начин со кош во последните мигови од натпреварот го победија Пелистер на домашен терен (53-51) и обезбедија опстанок во Првата лига.
За победа се погрижи Девин Брукс кој поентираше со звукот на сирената, а публиката со френетичната реакција додаде дополнителна убавина на триумфалните поени.
Инаку, Брукс натпреварот го заврши со „дабл дабл“ учинок постигнувајќи 22 поени и 12 скокови од кои 10 дефанзивни.
Победа за „галебите“ со звукот на сирената ! (видео)
OhridNews