Кон акцијата “Денот на дрвото-Засади ја својата иднина“ се приклучија голем број охриѓани. Утрово учениците од средните и основните училишта на локалитетот Мауцкер засадија околу 8000 дрвца. На нив им се придружија и голем број граѓани, меѓу кои и голем број јавни личности. Сите тие засадија по некое дрвце…

Според градоначалникот Петрески, акцијата во Охрид минала и повеќе од успешно, што според него е добра најава за големата акција за пошумување што наесен ќе се реализира на планината Галичица и други локалитети во охридско…

Граѓанската акција ја поддржа и владата на Р. Македонија. Министерот за финансии Трајко Славески денеска се придружи на акцијата во родниот Охрид….

Со масовниот одзив охриѓани покажаа висока еколошка свест. Останува да се надеваме дека со толкава љубов ќе водат и грижа за засадените дрвца и за животната средина воопшто.

Горан Момироски
Васко Бујароски