Видео камерите во еден стрелачки тренинг центар во САД го забележале крвавиот пир. Мајка со психички проблеми, која верувала дека е отелотворение на антихрист, го убила својот дваесет годишен син пукајќи му во главата, а потоа си го одзела животот.

Пред тоа таа направила аудио снимка на која во солзи се извинува за злосторството што ќе го направи. Трагедијата се случила во местото Кастелбери на 15 километри од Орландо, а полицијата нема никакви сознанија за мотивите за ова убиство и самоубиство.

Предупредување: снимките содржат насилство