Рома претрпе пораз од Удинезе 1-0, но со вкус на финале во реванш натпреварот од 1/2 финалето во Копа Италија. Џалоросите по првиот натпревар имаа предност од 2-0, и со севкупни 2-1 се пласираа во финалето од Копа Италија.

Надежта за поволен резултат на Удинезе му донесе чилеанецот Санчез, кој беше прецизен во 81-та минута, на домаќините од Фриули не му помогна ниту исклучувањето на Марко Касети во 85-та минута.

Во финалето на Копа Италија ќе се сретнат најдобрите две екипи во оваа сезона во Серија А Интер – Рома.