Арсенал го надигра и порази Ливерпул со 2-1, на Енфилд, на мечот кој како што најави Бенитез ќе започне новата ера на црвените. Кајт погоди за водство на домаќините по првите 45 минути. На стартот на вториот дел Џонсон ја затресе сопствената мрежа, додека Аршавин ги постави конечните 2-1.