Македонскиот интернационалец Горан Попов и Динамо Киев со чисти 2-0 го совладаа милионерскиот тим на Манчестер Сити и направија голем чекор кон пласманот во наредната фаза од Лигата Европа.


Украинците во предност дојдоа во 25 минута по голот на поранешниот напаѓач на Милан, Андреј Шевченко. “Граѓаните“ не успеаа да се снајдат во поларните услови за игра, шансите се редеа пред голот на Харт, а конечниот резултат го постави Гушев во 77 минута.

Одлчувачки чекор кон пласманот понатаму направи Твенте кој со 3-0 го совлада Зенит. Спартак Москва пак славеше на Амстердам арената против Ајакс со 1-0 благодарение на голот на Алекс.

Првиот дел од португалско-француската пресметка му припадна на Бенфика, која со пресврт го победи ПСЖ со 2-1. На голот на Лувиндула, одговорија Переира и Јава.

Реванш мечевите се играат за седум дена.

Резултати : Динамо К – Мен Сити 2-0, Твенте – Зенит 3-0, Ајакс – Спартак 0-1, Бенифка – ПСЖ 2-1.

М.П.