Едно лице загина а дваесет се евакуирани во поплавите што ја зафатија Србија. Реката Подвршка се излила во истоименото село, а при евакуацијата на месното население животот го загубила една жена. Засега не се познати околностите под кои таа починала.

Надојдената река го срушила мостот на патниот правец Кладово – Неготин и го потопила во Дунав, кој исто така бележи висок водостој. Српските медиуми јавуваат за уште еден срушен мост кај селото Милутиновац, каде поради поплавите останало „заробено“ амбулантно возило со пациент кој бил придружуван од лекарска екипа.

Од утрово Кладово е отсечено од светот. Водата во оваа општина предизвика свлечишта и сруши повеќе мостови. На Ѓердапаската магистрала има голем број одрони, но браната Ѓердап засега не е загрозена тврдат тамошните власти.

OhridNews