Победата на Ерменија ја наговести Пицели во 28-та минута кој ја затресе мрежата на Богатинов по асистенцијата на Мовсисјан. Шест минути подоцна односно 34-та минута домаќините имаа водство од 2-0 преку маестралниот погодок на Мктиријан.
Безизлезната ситуацијата во која се најде Македонија, ја зачини Шумуликоски кој доби втор жолт картон, австрискиот судија му додели црвен картон и му го покажа патот во соблекувалните.
Ерменија во 69-та минута има огромна предност од 3-0, најдобриот поединец на теренот Мовсисјан асистира до Газарјан кој непречен од никого ја погоди целта.
Единствена светла точка за “црвено-жолтите“ е 86-та минута кога Шиков стрелаше прецизно од корнерот на нововлезениот Лазервски. Конечните 4-1 ги постави Саркисов откако го искористи киксот на Митрески.
Поразот од Ерменија кој е шести во овој квалификациски циклус ја закова Македонија на петтото место со седум бодови. “Црвено жолтите“ в вторник против Словачка на “Филип втори“ ќе го затворат еден од најслабите квалификаcии во историјата.