Убавината на еден од најпрепознатливите симболи на Охрид, Билјанини Извори, од еден поинаков агол.

Изворите истекуваат од подножјето на планината Галичица под карпите над кои минува патот од Охрид кон Свети Наум. Водата течела во коритото на реката Студеноца (Студенчишта) и понатаму кон езерото сосема слободно сè додека не се замешала човечка рака.

За потребите на градскиот водовод, изворите во најголем дел се каптирани и насочени кон домовите на илјадници охридски семејства, а во меѓувреме реката била претворена во пловен канал. Еден дел од изворската вода се употребува во Хидробиолошкиот завод за рибниците во кои за научни цели се одгледуваат пастрмки и други видови риба.

Само еден незначителен дел од изворската вода низ посебно изграден отвор останала слободно да истекува кон езерото како потсетник на легендата за Билјана и момчето „што фесче носело над око и неа гледало под око“.

Светската слава на Билјанините извори се должи пред сè на легендата за убавата охриѓанка од народната песна „Билјана платно белеше“:

OhridNews
Видео: Бобан Стојаноски
Музика: Група „Маестро“
( Biljana platno belese (instrumental) – Grupa MAESTRO – YouTube )