Важноста на семејството и магичните моменти кои често се пропуштаат во налетот на секојдневниот живот на креативен начин пренесени во видео честитката по повод новогодишните празници на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.
Насловено како „Подарокот од Дедо Мраз“ приказната со нејзината емоционална длабочина и емпатијата меѓу родителот и своето дете допира до секој еден гледач кој е сведок на трансформацијата на зафатен стоматолог во грижлив татко, инспириран од безвременската магија на новогодишните и Божиќните празници.
Едноминутната реклама прекрасно ја доловува суштината на празничната сезона, спојувајќи го магичниот реализам со секојдневната реалност на зафатената стоматолошка ординација „Д-р Баткоски“ покажувајќи ја често занемарената рамнотежа помеѓу професионалните обврски и личните односи.
Приказот на д-р Баткоски како протагонист ја истакнува универзалната борба за наоѓање време за она што е навистина важно.
Сакав да пренесам порака што оди подалеку од стоматологијата, нагласувајќи го значењето на семејството и магијата што лежи во нашите секојдневни моменти. „Подарокот на времето на Дедо Мраз“ е почит кон заедницата на која и служиме и потсетник да ја негуваме топлината на семејството не само за време на празничните денови, туку секој ден од нашите животи, вели д-р Баткоски.
Како што се расплетува празничната сезона, „Подарокот од Дедо Мраз“ служи како светилник на радост, инспирирајќи ја публиката повторно да ја открие магијата на семејното чувство.
Видеото го реализираше Digital Box Production, сценарио и режијата се на Илија Пиперкоски, додека дизајнот и графиката на Антонио Стаматоски.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е секогаш во чекор со современите трендови и иновации во стоматолошката медицина, се одликува со врвен професионализам и поседува капацитет да ви го понуди вистинскиот одговор за вашите потреби. Секогаш го следи патот на најдобрите и најновите методи и техники со пристапни цени, излегувајќи во пресрет на потребите и желбите на секој пациент посебно.
OhridNews