По 68 дена минати под земја, чилеанските рудари кои го преживеаа затрупувањето на рудникот, почнаа да се извлекуваат од собата за итни случаи која им ги спаси животите. Прв на површина утрово околу пет часот по наше време излезе 31-годишниот Флоренс Авалосу, кој беше извлечен за 16 минути со специјално дизајнираната капсула ннаречена „Феникс“. Рударот по излегувањето ги прегрна својот седумгодишен син и сопругата.
Извлекувањето на рударите продолжува, а историската драма ја следат илјадници роднини на затрупаните рудари и новинарски екипи од сите страни на светот. Пораки со поддршка за рударите стигнуваат од сите континенти, а претседателот на САД упати и писмо до рударите во кое се вели: „Нашите молитви и добри желби се со храбрите рудари, нивните семејства и лицата кои работат на нивно спасување“.
Под земја се наоѓаат вкупно 33 рудари. По извлекувањето тие ќе бидат згрижени и ќе им бидат извршени лекарски прегледи за да се утврдат последиците од долгиот престој под земја.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com