Најдобриот македонски фудбалер во моментов Горан Пандев со погодок ја започна новата сезона во Италијанската Серија А . Пандев ја предовдеше екипата на Лацио до премиерниот триумф на гостувањето кај Каљари.

Најголемото изненадување во првото коло го приреди Болоња која со 2-1 го совлада Милан на Сан Сиро. Лошиот ден за фаворитите го заокружија Рома и Јувентус кои одиграа 1-1 против Наполи и Фиорентина. Шампионот Интер со Мурињо на клупата ремизираше 1-1 на Мараси против Самподрија.

Поради настапите на Италијанската репрезентација во квалификациите за СП, Серија “А“ ќе продолжи на 13 септември.

М.П.