Јувентус со победата над Аталанта 2-1 ја прекина серијата од три кола без победа (два порази и едно реми). Алесандро Дел Пиеро после половина час игра го отвори резултатот, Аморосо на истекот од првотот полувреме изедначи на 1-1 додека бразилскиот интернационалец Филипе Мело со погодок во 82-та минута донесе победа на Старата Дама. На победи се радуваа уште Фиорентина и Наполи победувајќи ги Удинезе (4-1) односно Катанија (1-0).

Резултати: Наполи – Катанија 1-0, Фиорентина – Удинезе 4-1, Јувентус – Аталанта 2-1, Киево – Парма 0-0, Ливорно – Бари 0-0, Сампдорија – Каљари 1-1, Сиена – Џенова 0-0, Милан – Лацио 1-1

Табела: Интер 63, Рома 62, Милан 60, Палермо 51, Сампдорија 48