Охридските фудбалери со триумф ја запечатија успешната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Кадино со 2-1. „Рибарите“ до победата дојдоа на крилата од Шериф Реџепи кој ги постигна двата погодоци. Реџепи стрелаше во 43-та и 45-та минута. Гостите иако имаа фудбалер повеќе од 9-та минута на дуелот на СРЦ „Билјанини Извори“ успеаја само да го ублажат поразот.
Фудбалскиот клуб Охрид со 28 бодови финишираше на четвртата позиција на табелата. Охриѓани заостануваат два бодови од дуото Гостивар и Велешта, кои имаат по 30 бодови. Неприкосновен лидер е Скопје со 37 бодови.
OhridNews
Оценки: Блесок на Реџепи, „рибарите“ ги оставија срцето и душата за победа