Скандалозен натпревар одиграа вчера женските ракометни клубови Скопје и Гевгелија. Екипите не сакаа да победат па на натпреварот од кој одеше стрим на каналот на РФМ можеше да се видат неспортски потези како намерно промашување, несфатливо губење на топка, па дури и автоголови.

На крајот натпреварот заврши со победа на Гевгелија 16:17.

По мечот кој фрли огромна дамка врз спорот во земјата се огласи министерот за спорт Борко Ристовски кој најави санкции за двата клуба.

На двата клуба кои што го направија тоа, уште во понеделник ќе им биде одземено правото за вршење дејност спорт и веќе не ќе можат да се натпреваруваат во македонскиот шампионат во женска конкуренција. Ќе направиме итен состанок и со Ракометната федерација на Македонија за еднаш засекогаш да го ставиме под контрола ваковиот тип на немили настани и грубо кршење на спортските правила на игра. Државата, јавниот интерес, редот и законот мора да бидат пред сѐ и над секого, истакна Ристовски во интервју за „Сител“.

Г.М.