“Коњаниците“ од Кливленд го зголемија водството на 2-0 во серијата против Детроит. Домаќините имаа предност во текот на целиот натпревар која на моменти изнесуваше и 29 поени. Ле Брон Џејмс бепе најефикасен на мечот со постигнати 29 поени.
“Лејкерси“ ги стишаа “џезерите“ и поведоа со 2-0 во серијата (119-109). Коби Брајант со 26 и По Гасол со 20 беше тандемот кој го предовдеше тимот во кој дури седум кошаркари завршија со двоцифрен број на поени. Недоволни да се избегне поразот се покажаа 36 поени на Дерон Вилијамс.
М.П.