Четата на Хари Реднап продолжува да ги “изненадува“ фаворитите, на менито на “петлите“ се најде градскиот ривал Арсенал совладувајќи го со 3-2 на Емирати стадионот. Тотенхем со пресврт во вториот дел стигна до триумф над екипата од “големата четврока“ со што ја прекина црната серија од 17 години без триумф.


Централна фигура на натпреварот беше холанѓанскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт кој асистираше за два погодоци и еднаш го совлада чуварот на мрежата на Арсенал, Лукас Фабиански.

Резултати: Арсенал – Тотенхем 2-3, Бирмигем – Челси 1-0, Мен Ју – Виган, 2-0 Блекпул – Вулверхемптон 2-1,   Болтон – Њукасл 5-1, ВБА – Стоук 0-3, Ливерпул – Вест Хем 3-0.

Ohridnews