Педесетина мештани го чистеа крајбрежјето во појасот од полициската станица до влезот во Пештани. Во активностите се приклучија и еколошките здруженија од овој регион, а Министерството за животна средина и просторно планирање го постави и Еко- караванот каде што на учесниците во акцијата им беше поделен едукативен материјал. Во акцијата учествуваше и државниот секретар во министерството за животна средина, Дејан Паноски, кој истакна дека заштитата на Охридското Езеро е врвен приоритет на државата која и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите акции.