Неодамна пишувавме за проблемот со моторизирање на пешачката патека од мостот до Горица 1, на што охриѓани гласно се спротиставуваат. И покрај апелите на рекреативците оваа строго пешачка зона и натаму во голем број ја користат моторџии, а се почесто можат да се забележат и автомобили. Така граѓаните кои се одлучиле да рекреират, наместо релаксација доживуваат вистински шокови од несовесните сограѓани кои јурат со мопеди покрај нив. Наместо да се опуштат и уживаат родителите трчаат да ги спасат своите деца да не настрадаат од некој мотор или автомобил, на кои особено мора да внимаваат велосипедистите, скејтерите и другите рекреативци…

ohridnews