Добар фудбал исполнет со возбудувања и неизвесност донесоа четвртфиналните пресметки на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино.Први на терен излегоа екипите на АСП ПАК и Волино мк. Славеше АСП ПАК со 7:1.

Многу понеизвесно беше на натпреварот помеѓу Кафе бар 9 – Рес.Станица и Викса пром. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а по изведувањето пенали Рес. Станица и Викса Пром славеше со 0:2.

 

Екипата на Сатеска го реши натпреварот со Аце Најдески во регуларниот дел славејќи со 4:2.

Неизвесност и драма донесе и последниот четвртфинален натпревар што го одиграа екипите на Др.Баткоски и Брумел. Во регуларниот дел мечот заврши 2:2, а во изведувањето пенали повеќе среќа и конентрација имаа играчите на Брумел кои славеа со 2:4.

Полуфиналните средби се играат вечерва, а се среќаваат:

20:30 Сатеска – Брумел
21:30 Асп Пак – Рес. Станица и Викса пром

Г.М.