Екипата на Пекара Лихнида триумфираше на 46-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“. Пекара Лихнида во финалето го совлада тимот на Ланч Бар Пиколо со 4-2 пенали, откако регуларниот дел заврши 1-1. Бронзениот медал и припадна на екипата на Инсомниа, која со 3-1 (3-3) на пенали славеше во дуелот со Ресторан Бриони.
Резултатот во финалниот натпревар прв го отвори составот на Ланч бар Пиколо кој поведе со голот на Даниел Ламбески. Кон крајот на првиот дел Пекара Лихнида изедначи со голот на Лоле Максути. Во продолжението погодок немаше и победникот се решаваше на пенали. Подобри и попрецизни беа фудбалерите на Пекара Лихнида, постигнувајќи четири погодоци, наспроти два на Ланч Бар Пиколо, кои не беа доволни за позитивен резултат. Видеото од пенал рулетот можете да го погледнете тука.
Најдобар стрелец на турнирот беше Методија Милески (Инсомниа), за најкорисен фудбалер беше прогласен Ристе Маркоски (Пекара Лихнида), а наградата најдобар голман замина во рацете на Васко Костоски (Пекара Лихнида).
Вкупниот награден фонд на турнирот „Петровден 2021“ изнесуваше 120 000 денари. После завршување на финалето следуваше огномет со кој официјално се затвори 46-то издание на еден од најстарите турнири во Македонија.
OhridNews