Без пораз црвените ѓаволи пристигнуваат во големото финале на Лужники во Москва. Мечевите ги започнаа во Ф групата каде стигнаа до шест победи и едно реми. Дома и гости совладани беа Спортинг (1-0), (1-2), потоа Динамо Киев (4-0),(2-4), додека по поразот (1-0) реми 1-1 извлече Римската волчица.

Следувше нок аут фазата, а за елиминација на тимот од Жерлан се погрижи Роналдо. На првиот меч во Лион, Тевез ги спасуваше англичаните во последните минути (1-1), додека на Олд Трафорд единстевниот гол на Роналдо се покажа доволен.

Како по правило ¼ финалната пресметка резервирана за Рома. Не блескаше англикиот шампион во вечниот град, но одигра доволно за рутинирана победа (0-2) . Далеку по неизвесен ќе беше реваншот доколку Даниеле Де Роси ја реализираше најстрогата казна. Но можност пропадна а Манчестер, преку Тевез стави крај на сите дилеми (1-0)

Атомски фудбал се очекуваше во пресрет на полуфиналето помеѓу Барселона и Манчестер. Но намето убавина гледчите видоа ровоска битка за секоја педа од теренот. Пенал промашува Роналдо по три минути игра на Ноу камп , па мечот завршува без голови. Легендата на клубот Пол Сколс на реваншот му покажа на Роналдо зошто децата се уште чуваат негови постери на зидовите.

М.Постоловски