Жешкото гостување во поларни услови го преживеаа сините (0-0), а на ревнашот на Стемфорд ги торпедираа со 3-0. Балак, Лампард и Калу стрелци на головите.
Единстевниот пораз во натпреварувањето сините го претрпеа во Истанбул кај Фенербахче (2-1). Тука застана трурците кои скапо ја продадоа својата кожа на реваншот во Англија. Потешко од очекувањата Англичаните стигнаа до елиминација на Фенер (2-0).
Вистинска класика беше полуфиналето со Ливерпул. Трет пат во четири години пресметките на Челси и Ливерпул го дават финалистот. Два пати тоа беа црвените од Енфилд, но овај пат тоа беше трета среќа за Челси. Кој знае каков расплет ќе имаше овај двомеч да не беше несреќниот Рисе, кој во 94 мин ја затресе сопствената мрежа.