Авион на Американ ерлајнс, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром „Роналд Реган“ Вашингтон, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници.
Двете летала паднале во реката Потомак, а по ударот авионот се преполовил на два дела.
Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување во која учествуваат повеќе од 300 луѓе. Временските услови се неповолни, студено е и ветровито, а видливоста е слаба.
Несреќата ја снимиле надзорните камери од речното пристаниште.
BREAKING: Mid-air collision between a helicopter and commercial jet on approach to Ronald Reagan Washington National Airport. Rescue boats are scanning the Potomac River. pic.twitter.com/ySwHFq9Ej1
— Breaking 4 News (@Breaking_4_News) January 30, 2025
Спортисти и тренерите се враќале од камп
Сојузот за уметничко лизгање на Соединетите Американски Држави потврди дека во патничкиот авион имало неколку нивни членови.
Овие спортисти, тренери и членови на семејството се враќаа дома од Националниот камп за развој, кој се одржа како дел од првенството на САД во уметничко лизгање во Вичита, Канзас, се вели во соопштението.
Тас: Во авионот биле уметнички лизгачи од Русија
Како што јави агенцијата Тасс од Русија, во авионот што се урнал се наоѓале двајца лизгачи од таа земја.
Тасс пренесува дека тоа се Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, кои во 1994 година во парови го освоија Светското првенство во уметничко лизгање. Инаку, двајцата се во брак.
Се чини дека несрерќата е предизвикана од човечка грешка
Се чини дека причината за несреќата е човечка грешка“, изјави поранешниот пилот на хеликоптер Пол Бивер.
Сепак, тој истакна дека е тешко да се каже дали судирот можел да се избегне, но дека е јасно дека се работи за „страшна несреќа“.
Тој нагласи дека авионот бил на финално приближување до пистата, што значи дека според правилата за летање имал право на првенство на минување и дека хеликоптерот требало да се повлече.
OhridNews