Со голот на Бурзановиќ, Црвена Ѕвезда прва дојде во водство, додека конечните 1:1 беа постигнати по половина час игра со голот на Жука.
Македонскиот интернационалец Ивaн Тричковски доби дваесетна минути шанса откако во 70 минута влезе на местото на стрелецот на голот за Бурзановиќ. Драган Чадиковски, не доби шанса.
На табелата лидерот Партизан останува во водство со 55 бода , пет повеќе од Црвена Звезда која е второпласирана со 50 бода.
За десетина дена, овие две екипи повторно ќе ги одмерат силите, но на “Маракана” стадионот, во 1/2-финалето од Купот на Србија.