16 200 гледачи беа сведоци на неповторливото финале за титулата првак во Јадранската лига во загребската “Арена“, помеѓу Цибона и Партизан.


Партизан во деветтото издание по четврти пат ја освои титулата на Јадранот, откако во продолженијата со погодокот од пола терен на Душан Кечман ги скрши срцата на домаќините.Тамам што почнаа да ја слават победата ударот на Кечман донесе незадоволство и разочарување на преполните трибини во Загреб.

Цибона – Партизан 74:75 (14:15, 17:16, 13:13, 16:16, продолжение 14:15).