Џи Сунг Парк со голот во судиското надополнување го спаси “роденденот“ на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед. Кореанецот ја започна прославата на мечот кој ја одбележа 24 годинишнина на клупата на “бебињата“ на легендарниот Ферги. 


Парк погоди во 45 и 92 минута од мечот, додека Банкс во 66. минута беше стрелец за Вулверхемптон.


Резултати : Болтон-Тотенхем 4-2, Бирмингем-Вест Хем 2-2, Блекбурн-Виган 2-1, Блекпул-Евертон 2-2, Фулам-Астон Вила 0-1, Манчестер Јунајтед-Вулверхемптон 2-1, Сандерленд-Стоук 2-0.

Дерби пресметката викендов се игра на „Енфилд“ меѓу Ливерпул-Челзи, екипата на Карло Анчелоти има само еден пораз во претходните 10 рунди. Ливерпул по катастрофалниот старт, најлош во последните 56 години, со три победи (две во првенството и една во Лига Европа) направи добра увертира пред дербито.

Утре играат : Арсенал-Њукасл, ВБА-Манчестер Сити, Ливерпул-Челзи.

OhridNews