Жестоко темпо, бескомпромисна игра, еден погодок и еден промашен пенал ни понудија актерите на 163-то дерби во Премиер Лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Манчестер Јунајтед по триумфот над директниот конкурент за највисок пласман Арсенал со 1-0 осамна на чело на табелата во Англија.
Натпреварот во поголемиот дел помина во знакот на “црвените ѓаволи“ , а шансите и шутевите се редеа кон голот на Шчезни. Прв нишанските справи ги испроба Вејн Руни , потоа биеше бразилецот Андерсон , а се обиде и крилниот офанзивец на Јунајтед, португалецот Нани.
Нападите на избраниците на Сер Алекс Фергусон вродија со плод во 41-та минута. По солопродорот на Нани, топката се одби во срцето на шеснаесетникот, каде најснаодлив беше кореанецот Парк кој со глава ја “боцна“ и го совлада одличниот Шчезни.
Стартот на вториот дел навести пеколен фудбал, “топџиите“ поучени од грешките во првиот дел тргна силовито да ги “скинат“ планираните три бода на “бебињата“. Најубавата прилика ја имаа во 70-та минута кога расположениот Насри си поигра со неколку дефанзивци на Јунајтед биеше откосо, Ван Дер Дар кратко ја одби топката во поле, на неа натрча Чамак кој веднаш биеше но капитенот на “црвените ѓаволи“ србинот Немања Видиќ со лизгачки старт спаси од самата гол линија.
Манчестер Јунајтед пропушти одлична можност да го ‘“тушира“ противникот во 76 минута. Англискиот репрезентативец Вејн Руни продолжи со бледите игри на кои не сме навикнита да го гледаме, 10-ка на “бебињата“ од пенал не успеа да го совлада солидниот чувар на мрежата Шчезни.
До крајот на мечот гостите од Лондон, напаѓаа но не успеаа по сериозно да го загрозат голот на летечкиот холанѓанец. Манчестер Ј го очекува уште еден пеколен меч в недела кога му гостува на актуелниот првак Челси.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com