Панел дискусија на тема „Охридското Езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“ во организација на ЈНУ Хидробилошки Завод Охрид, а во рамки на социјално-едукативниот дел на програмата на првото издание на „Ohrid Water Festival“.
Говорници на панелот се градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, координаторот на Дримскиот процес, Дејан Пановски, Д-р Орхидеја Тасевска, научен советник и директор во ЈНУ Хидробилошки Завод Охрид и Зоран Мартиновски, претседател на „Prime Blue Institute“.
Во фокус на дискусијата спорот, заштитата на животната средина и промоцијата на туризмот преку одржлив развој.
Следете ја во живо Панел дискусијата на социјалните мрежи на „Ohrid Water Festival“ и OhridNews.
OhridNews