Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го предводеше Наполи до триумф на тешкото гостување кај Палермо со 3-1. Капитенот на “црвено жолтите“ ја навести победата откако го отвори резултат во 35-та минута по додавањето на Гаргано. За “кунг фу Пандев“ како што го нарекуваат италијанските медиуми ова четврти погодок во сезоната.
По еден час од мечот со погодоците на Кавани и Хамшик, Наполи го реши прашањето околу победникот а Палермо преку Миколи постигна почесен погодок.
За избраниците на Валтер Мацари ова е само втор гостински триумф во досегашниот дел од сезоната, седми вкупно што со 27 бодови ги смести на седмата позиција.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com