Лацио го победи Интер со 3-1 и се зацврсти на второто место на табелата. Биава во првиот дел ја затресе мрежата на Кастелаци. На 2-0 зголеми аргентинецот Зарате. Македонскиот интернационалец Горан Пандев ја погоди мрежата на поранешниот клуб намалувајќи на 2-1.


Во финишот на мечот Хернанес ја запечати победата со голот од слободен удар.

М.П.